понедељак, 4. мај 2015.

tiger attacks best compilation ever HD



Тигарот е црвеникаво жолто-кафена пругаста голема мачка распространета во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија, јужна АзијаСуматра и некои помали делови во Кина.
Тигарот живее самотно, лови ноќе, а омилен плен му се цицачите со средна големина, како на пример елените. Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со локацијата и во зависност од подвидовите. Јужните тигри, како што ебенгалскиот тигар  е помал во големина и има значително посветли бои отколку тигрите распространети на север, како што е реткиот сибирски тигар . Мажјаците растат до височина поголема од 1 метар, достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од 1 метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми. Тигарот живее околу 11 години.
Упорното користење на делови од телото на тигарот за правење различни тоници или лекови, независно од доказите за нивна неефикасност, се должи на вкоренетата стравопочит кон овие мачки што со милениуми ги инспирирале луѓето. Иако заштитени во меѓународни рамки, тигрите се вбројуваат во сериозно загрозените видови. Имено, само во последното столетие, нивната популација се редуцирала за повеќе од 90%, додека два подвидови се сметаат за исчезнати.


Taylor Swift



Тејлор Алисон Свифт (анг. Taylor Alison Swift ) е американска кантри-поп пејачка, текстописец и глумица. Досега има издадено четири студиски албуми, од кои најголем успех остварила со Fearless освојувајќи Греми награда за „Албум на годината“ во 2010. Важи за една од најпопуларните кантри изведувачи во светот, со продадени 26 милиони ЦД-а.

Тејлор е родена во ВајомисингПенсилванија на 13 декември1989 година. На 14 години потпишала професионален договор соRCA Рекордс, а првиот студиски албум го издала во 2006 год. кој на почетокот не привлекол големо внимание.

Видови компјутери

Според брзината и моќноста компјутерите можат да се поделат во следниве групи:
1.Микро компјутери2.Големи компјутери3.Супер компјутери

1.Микро компјутери
Микрокомпјутерите или персоналните компјутери денес се најкористени. Тие се 
наменети за работа на едно лице, а ги има скоро во секое домаќинство. Се користат 
на работа, во училиштата, домовите и т.н.
Тука спаѓаат десктоп компјутерите, лаптоп или ноутбук компјутерите и т.н.

2.Големи компјутери
Големи, моќни компјутери, наменети да управуваат со повеќе компјутери. Имаат голема моќност и меморија
Се појавиле во 60-тите години. Се користат во: истражувачки институции, банки, осигурителни компании, 
универзитети, метеоролошки заводи и други организации на кои им се потребни моќни компјутери

3.Супер компјутери

Се користат во големи научно истражувачки институти и посебни државни и воени служби 
каде е потребна супербрза обработка на огромен број податоци или сложени математички пресметки. 
Најчесто се користат за истражувања поврзани со нуклеарна енергија, сончевиот систем, 
временска прогноза, истажувања поврзани со барање и искористување на нафтата и т.н.
суперкомпјутер:

големи компјутери:




Индустрија во Македонија

Индустрија е посебна гранка со која се бара поголема количина на природните ресурси и извори на енергија, со цел да се добие финален производ.Индустрија претставува механичка обработка на суровини и масовно производство. Индустријата, исто така, ги вклучува сите не-земјоделски сектори.
Индустријата зависи од присуството на: суровини, енергија, капитални услови, пазарни услови и квалификувана работна сила.
Индустриските производи се значајни за развој и унапредување на стопанските и нестопанските дејности.
Индустријата се дели на тешка и лесна.
--Тешката индустрија произведува средства за работа.
------Во тешка индустрија спаѓаат:енергија,рударство, металургија, машинска индустрија, електроиндустрија, хемиска индустрија и металопреработувачка.
--Лесната индустрија произведува средства за живот (широка употреба).
------Во лесна индустрија спаѓаат: Тутунска индустрија,прехранбна индустрија, графичка индустрија, дрвна индустрија, текстилна индустрија, индустрија за градежни материјали и индустрија за гума,кожа и обувки.
Индустријата во Република Македонија е разместена низ градовите Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци, Штип, Битола и на други места...
ПОВЕЌЕ